У-17: Женската селекција на Македонија со убедлив триумф над Грузија на квалификацискиот турнир во Косово!

168

 

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, од првиот свиреж на судијата до последен беа апсолутно доминантни над противникот, во секој аспект од играта и сосема заслужено на крајот се радуваа на убедлива победа од 5:0.

Грозданова во 9. минута го отвори резултатот на натпреварот. Истиот играч во 17. минута се најде повторно на вистинското место за нов гол и предност на Македонија од 2:0. Трендова во 24. минута постигнува нов погодок за предност од 3:0. До крајот на првото полувреме, во листата на стрелци, во 38. минута се запиша и Попески.

Во продолжението од средбата Грозданова го постигнува својот трет гол со кој ја заголеми предноста на Македонија на 5:0. Тоа беше и конечниот исход на денешниот натпревар.

Македонија – Грузија  5:0 (4:0)

Македонија: Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величкова, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова;

Селектор: Катерина Милеска;

Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, нашата млада репрезентација силите ќе ги одмери со селекцијата на Ерменија.

ПретходноКујперс е гостин на семинарот на Судиската организација во Скопје!
СледноВардар и Бадел 1862 ги стартуваа натпреварите во јуниорската WABA лига