Шејн Ларкин најплатен кошаркар во Евролигата

190

Во четврток почнува новата сезона во Евролигата, а еден од најпознатите кошаркарски портали Еурохупс објави листа на најплатени играчи во ова натпреварување. Најплатен кошаркар е асот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин кој годишно заработува четири милиони долари. На второто место е Костас Слукас кој летоска од Олимпијакос премина во Панатинаикос за годишна плата од 2,8 милиони долари.
На третото место е Кевин Пантер, кошаркарот на Партизан со годишна заработка од 2,6 милиони долари.
Следуваат Никола Миротиќ од Олимпија од Милано со годишна заработка од 2,5 милиони, следуваат Дариус Томпсон (Анадолу Ефес) со 2,3 милиони, Вили Ернангомез (Барселона) со 2,2 милиони, Торнике Шенгелија (Виртус Болоња) со 2,1 исто колку и Хуанчо Енрнагомез (Панатинаикос)…

ПретходноТренерот на Лајпциг: Освен добра игра потребна е и среќа против Манчестер Сити
СледноТанески објави долг список на ракометари за „Трофеј Карпати“