Ардијан Нухиу: Честитки за играчите, победивме силен тим!

369

 

Шкендија попладнево во заостанатиот меч од 2.коло, на свој терен успеа да го победи тимот на Струга ТЛ. Па така со овие нови три бода, момците на стратегот Ардијан Нухиу сега се први на табелата со два бода пред Шкупи, четири пред Силекс и пет пред Струга ТЛ, но шампионот има и меч помалку.

По завршување на супер – дербито, Нухиу не го крише своето задоволство од исходот па изјави:

„Секако дека сме среќни и задоволни по една ваква победа. Победивме силен тим,го победивме шампионот, тимот кој што сите нас не направи горди со своите успеси во Европа ова лето. Мислам дека во првиот дел доминиравме, требаше да реализираме барем дел од шансите. Во второто полувреме рано поведовме, после тоа гостите напаѓаа, сепак ние успеавме да се одбраниме и заслужено да го добиеме овој дерби натпревар. Среќен сум и поради фактот дека со овие три бода Шкендија сега е лидер на табелата. Честитки за момците кои одиграа храбро, јуначки и со пожртвувана игра успеаја да дојдат до трите бода“ заврши стратеготна Шкендија.

ПретходноРусин ќе игра за Украина против Македонија
СледноЛШ – полувреме: Мората и Гризман за 2:2 против Феенорд, Антверпен убедлив со Шахтјар! (ВИДЕО)