Зад Арсенал е тешка ноќ. Во второто коло во Лигата на шампионите, премиер-лигашот беше поразен со 2-1 од Ленс и згора на се остана без еден од најдобрите фудбалери на лондонскиот тим, Букајо Сака.
„Топчиите“ овој викенд ги чека дерби дуелот против Манчестер Сити во тамошниот шампионат, она што е извесно е дека во составот ќе го нема Сака, кој во 34. минута поради повреда куцајќи го напушти мечот со Ленс. Тој веднаш бил однесен на детални прегледи, но засега само Фабрицио Романо и британските медиуми пишаа дека најверојатно го чека подолга пауза.
Во текот не денот се очекува Арсенал да излезе со официјални информации за повредата на Сака, која дефинитивно ги загрижува навивачите, бидејќи нивниот тим во продолжение од Лигата на шампиони го чека голема битка, против Севиља, Ленс и ПСВ.