ПМФЛ: Супер-дерби под Шара, Шкендија против Струга ТЛ, победникот ќе избие на лидерската позиција

132

 

Денеска на Градскиот стадион под Шара, со почеток од 14 часот, се игра супер-дербито од 2.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Струга ТЛ. Овој натпревар требаше да се игра на 13 август, но поради европските обврски на шампионот, натпреварот тогаш беше одложен.

Ова е меч во кој ќе се сретнат две од трите најдобри наши екипи во ПМФЛ. Секако дека нема да биде пресуден во битката за титулата, но ќе биде екстра значаен за истата.May be an image of 4 people, people playing football, people playing soccer and text

Ова ќе биде меч по кој победникот ќе избие на лидерската позиција на табелата. Во случај на реми тогаш Шкупи останува лидер. Да кажеме дека на Струга ТЛ и останува да одигра уште еден заостанат меч, и тоа оној со Вардар кој е закажан за следниот месец.

Кога сме кај традицијата досега овие две екипи одиграле 12 меѓусебни официјални натпревари. Стружани имаат далеку подобар биланс, шест победи, додека тетовци победиле во три меча, а три завршиле без победник.

Се разбира дека очекуваме атрактивен фудбал од двете екипи, голема борба, меч со многу шанси и голови. Кога играат Шкендија и Струга ТЛ тогаш тоа е дерби за вистинско фудбалско уживање.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.

ТАБЕЛА

Шкупи 18, Шкендија (-1) 17, Силекс 16, Струга ТЛ (-2) 15, Брера 14…

ПретходноТен Хаг влезе во поновата историја на Јунајтед со рекорд за заборав!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите фантастични 42 894 755 денари во септември