„Прволигашко две во едно“: Крај на првото и почеток на второто коло  

153

Денеска на програмата се два меча од Првата лига. Еден е од првото коло, додека вториот е од новото коло. Академија ФМП е домаќин на Еуро Никел во последниот меч од првата рунда, дуелот е закажан во 18 часот.

Во ист ден, но во рамките на второто коло, МЗТ Скопје и Гостивар ќе се сретнат во СЦ „Јане Сандански“ во истиот термин од 18 часот, со тоа што од оваа средба ќе има пренос на МРТ 3.

И двата тима тргнаа со победи. Актуелниот бранител на тронот славеше убедливо во Гевгелија против Кожув, додека пак Гостивар во својот бастион го совлада Пелистер.

Кошаркарите на Гостивар знаат како против МЗТ Скопје, лани двапати го совладаа, еднаш на домашен терен и еднаш пред своите навивачи.

ПретходноМакедонија – Азербејџан со директен пренос на МТВ
СледноЛШ: Дербито е во Њукасл, Ц. Звезда јуриша на победа против Јанг Бојс