Репрезентацијата на Украина на 14 октомври во Прага на неутрален терен, а во рамките од тековните квалификации за следното Европско првенство, ќе ја пречека Македонија. На овој дуел, номиналниот домаќин ќе мора да се снаоѓа без еден од своите најдобри фудбалери, а тоа е Андриј Јармоленко кој е повреден. Играчот на Динамо Киев ќе биде заменет со напаѓачот на англиски Сандерленд, Назари Русин кој има 24. години и кој реално ја нема таа минутажа ниту статусот на Јармоленко во националниот тим.
Сепак, Украина и вака е сериозно квалитетен состав кој во Скопје покажа дека и дефицит од два гола по шеесетина минути игра не се пречка да се дојде до полн плен.