Тен Хаг влезе во поновата историја на Јунајтед со рекорд за заборав!

132

Манчестер Јунајтед има ужасен старт на сезоната и очигледно нешто не е како што треба во редовите на англискиот гигант. Нов удар, „црвените-ѓаволи“ добија од Галатасарај, на домашен терен беа поразени со 3-2 во рамките на второто коло во Лигата на шампиони. Ерик Тен Хаг се чини ги загуби конците, тој по мечот со турскиот клуб урна еден рекорд, кој ќе го прогонува долго време.

Холандскиот стручњак е првиот тренер во модерната историја на Јунјатед, кој загубил шест од првите десет воведни мечеви во една сезона.

Во Лигата на шампиони, премиер-лигашот беше поразен од Баерн и Галатасарај, додека во домашниот шампионат од Кристал Палас, Брајтн, Арсенал и Тотенхем, додека пак ги победи Нотингем и Барнли. Сето ова е далеку од идеално за Јунајтед.

Во Лигата на шампиони е прашање дали ќе презими, кризата е очигледна.

ПретходноГолманот од 55 милиони евра уништи уште еден натпревар на Манчестер Јунајтед
СледноПМФЛ: Супер-дерби под Шара, Шкендија против Струга ТЛ, победникот ќе избие на лидерската позиција