Канатларовски: Мечот против Молдавија е најважен во овие квалификации

384

Следствено на прес конференцијата на А репрезентацијата, на јавноста и се обрати и У21 селекторот, Драган Канатларовски кој го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификацискиот дуел со Молдавија на гостински терен. Истиот се игра на 17. октовмри на стадинот Зимбру, во Кишинев, со почеток во 17. часот по локално време.

Составот е речиси истиот, а единствена замена е тоа што на местото на Талаков повикан е Христијан Малески.

„Последниот прес кој го одржавме бев задоволен од присуството, сега сум уште позадоволен. Тоа ми дава надеж дека јавноста верува во оваа генерација. Составот е тој, ние ги имаме тие играчи и немаме премногу промени. 

Иако посакувавме шест бода од мечевите со Шведска и Холандија, освоивме само три. Сепак, ја видов таа посакувана хемија, соединетост на екипата и тоа е многу важно. Жал ми е што не освоивме барем бод против Холандија, но далеку од тоа дека треба да жалиме за тоа. Напротив, од минатото не се живее и мора да гледаме напред. Од мечот кој следува очекуваме добра игра и секако освојување на бодовите.

Се одлучивме да нема промени, иако одредена група на играчи, последниов месец, не се во прв план во своите екипи. Но поради атмосферата, поради хемијата во тимот, оставивме без промени. Овој меч против Молдавија е од огромно значење. Ако сакаме да бидеме на едно од првите две места овој меч мора да се добие. 

Оваа генерација има перспектива, но истата зависи од самите играчи, од нивната минутажа во клубовите. Таа е потребна, за да се репфлектира и на настапите на репрезентацијата. Грузија и Молдавија се клучни мечеви. Мора да се даде максимум“ – изјави селекторот Канатларовски.

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера

Стефан Митрев – Кожуф

Иван Николоски – Победа

ОДБРАНА:

Михаил Димитриевски – Брегалница

Стефан Деспотовски – Работнички

Решат Рамадани – Динамо Киев, Украина

Имран Фетаи – Кожуф

Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка

Виктор Крстевски – Гостивар

Марио Ричков – Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов – Сондеријске, Данска

Хамза Рамани – Шкупи

Лука Станковски – Газиантеп, Турција

Алекс Златков – Шкупи

Димитар Тодоровски – Работнички

Матеј Ангелов – Работнички

Ване Крстевски – А.П. Брера

Берат Калкан – Каршијака, Турција

Бехар Фета – Марибор, Словенија

Методи Максимов – Шкендија

НАПАД: 

Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија

Луан Абази – Шкупи

Христијан Малески – А.П. Брера

ПретходноМилевски: Чурлинов е тука, Дориан Бабунски не, и тоа е моја одлука, а ние на секој меч одиме на победа
СледноМакедонија – Азербејџан со директен пренос на МТВ