По вчерашните возбудливи дуели од 2. коло во првите четири групи, вечерва следува новиот дел од оваа рунда во групната фаза на Лигата на шампионите. Следуваат уште осум интересни натпревари.
Една од најинтересните групи е „Ф“, каде и вечерва ќе имаме два дерби дуели. Пари Сен Жермен е единствениот кој во оваа група победи во првото коло и тие вечерва ќе се обидат да дојдат до втор успех, но сега на гости кај Њукасл, што ќе биде пеколно тешка задача. Французите го добија дуелот со Борусија (Дортмунд) со 2:0, а сега гостуваат кај Њукасл, кој на првата средба одигра без голови кај Милан.
„Страчките“му одзедоа вреден бод на Милан и сега се надеваат дека ќе ја продолжат добрата форма. Тие се во серија од три победи во Премиер лигата, со 11 гола на сите три натпревари.
Борусија (Дортмунд) во вториот меч се среќава со Милан. Германците не импресионираа со својата игра, но се блиску до врвот во Бундеслигата по три последователни победи. „Росонерите“, пак, демонстрираат голема желба да се вратат на врвот во Италија, но исто така имаат амбиции и во ЛШ.
Европскиот шампион Манчестер Сити денеска гостува кај РБ Лајпциг. „Граѓаните“ во последните години неколку пати играа против овој противник. Минатата сезона победија со вкупен резултат 8-1 во осминафиналето, а претходно двете екипи беа во иста група во 2021 година.
Во Белград вечерва ќе биде жешко на „Маракана“, каде Црвена звезда е домаќин на швајцарскиот Јанг Бојс. И двете екипи стартуваа со пораз и средбите меѓу нив се исклучително важни за распоредот во групата.
Лига на шампиони 2 коло
Група Е
18.45 Атлетико М. – Феенорд
21.00 Селтик – Лацио
Група Ф
21.00 Њукасл – ПСЖ
21.00 Борусија Д. – Милан
Група Г
21.00 РБ Лајпциг – Манчестер Сити
21.00 Црвена Звезда – Јанг Бојс
Група Х
18.45 Антверпен – Шахтјор
21.00 Порто – Барселона