Македонскатта фудбалска репрезентација ја очекуваат два дуели во октомври, двата од различен карактер. Против Украина во Прага во рамките од квалификациите, на 14 октомври, а потоа и против Ерменија во Струмица на пријателски дуел.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери, на кои ќе смета за овие два меча, а во него одново го има Дарко Чурлинов, кој конечно направи кам бек на терените, а за сметка на тоа го нема Дориан Бабунски напаѓачот на Грасхоперс
„Списокот е тој што беше и претходниот собир. Тука е и Дарко Чурлинов кој што веќе имаше настап за У21 тимот на Барнли и одигра триесетина минути. Сите останати се истите од претходниот собир.
Мислам дека веќе влегуваме во финалмната фаза од овие квалуифиуакциии. Мислам дека и ние и Украина сметаме само на победа. И нам и ним им треба само победа. Очекувам отворен натпревар затоа што реми не одговара никому. Потоа ни следуваат мечеви со Италија и Англија па ќе видиме што ќе ни донесе овој дуел.
Секако дека е анализиран многупати тој меч во Скопје против Украина. Воочени се доста аномалии но и пизитивни работи. Во однос на тоа како посакуваме да изгледаме на овој меч. И во тие шеесетина минути кои ги одигравме одлично имавме аномалии во играта.
На секој собир имаме по некој проблем, дали во дефанзива, дали во напад. Зајков имаше операција, жалам што не е тука но се радувам што е во ред и закрепнува. Оние што се тука мислам дека адекватно ќе го надополнат неговото одсуство“ – изјави селекторот Милевски, а на прашањето зошто го нема Дориан Бабунски на списокот, додаде.
„Имав разговор со Дориан Бабунски, неговиот учинок во клубот, за разлика од она што го дава на тренинзите е причината за мојата одлука тој да не биде тука овој пат. Тоа не значи дека Дориан нема да е дел од нас веќе следниот репрезентативен термин“ – изјави селекторот Благоја Милевски.