Мундијалот во 2030 ќе се игра на три континенти

387

Светската фудбалска организација ФИФА денеска одлучи дека Мундијалот во 2030 година ќе се игра не на еден, не на два туку на три континенти. Ако Европското во 202 кое се играше во 12 европски градови изгледаше лошо, на што ли ќе личи ова….

Првите три меча од Мундијалот ФИФА одлучи да се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај, значи во Јужна Америка, а потоа турнирот се сели во Европа односно Африка.

Домаќини на остатокот од Мундијалот ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко. Што ќе рече дека турнирот вкупно ќе се игра на три континенти и во шест земји.

 

Ваква одлука денеска донесе Советот на ФИФА, а останува на 24 декември истата таа одлука да биде потврдена и од конгресот на ФИФА. Ако се знае како функционира оваа организација тоа е само прашање на техника.

Мислењето на јавноста е дека фудбалските авторитети не сакале да ги разочараат јужноамериканците со нивно игнорирање на оваа тема, па ете нашле модус како да бидат испочитувани на темата Мундијал. Симболично секако, првиот Мундијал кој е одржан е токму во Уругвај во 1930 година, а ова ќе биде еден вид љубилеј.

 

ПретходноКлоп: Според мене мечот со Тотенхем треба да се преигра, но знам дека тоа нема да се случи
СледноМурињо: Многу е рано да се каже дека нашата цел е да ја освоиме Лигата на Европа