Мурињо: Многу е рано да се каже дека нашата цел е да ја освоиме Лигата на Европа

77

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот на неговиот тим против швајцарскиот Сервет во Лигата на Европа, изјави дека не сака да ги оптоварува своите играчи со големи очекувања од сега во врска со ова натпреварување.

„Рано е да се каже дека нашата цел е да ја освоиме Лигата на Европа . Нашата првична цел беше да се квалификуваме во неа, па сега е да завршиме на првото место во групата. Минатата година одигравме два дополнителни натпревари против тимот кој дојде од Лигата на Шампионите. Цел е да се оди чекор по чекор затоа што може да дојде гигант од Лигата на шампионите и да заршите во тој двомеч. Веќе кажав дека на клупата ќе биде Дибала и не само тој. Двајца, тројца или четворица играчи ќе бидат одморени, но ние сакаме да го добиеме овој меч и затоа нема да има целосна промена. Победивме без мене на клупата, имам доверба во играчите и стручниот штаб. Секако, фактот дека нема да бидам на клупата може да создаде непријатности, но не сакам да го потенцирам тоа“, прокоментира Мурињо.

ПретходноМундијалот во 2030 ќе се игра на три континенти
СледноРусин ќе игра за Украина против Македонија