ОФИЦИЈАЛНО: Марк Маркез си заминува од Хонда

106

Сега е и официјално. Марк Маркез ја напушта Хонда. Денеска со соопштение излезе јапонската компанија, која потврдува дека постигнале договор за прекин на соработката, што значи дека Шпанецот нема да вози за Хонда во Мото ГП сезоната 2024.

Потегот е очекуван, но во исто време и чуден, затоа што по толку многу години осумкратниот светски шампион го напушта тимот со кој ги постигна своите шест круни во кралската класа.

Маркез имаше договор на уште една година со Хонда, но очигледно и двете страни сметаа дека најдобро е истиот предвреме да биде прекинат.

ПретходноСудиска анализа: Оштетен само Охрид…
СледноПолувреме во Тетово: Ќосевски го чува шампионот, без голови на супер-дербито!