И натаму на Островот топ – тема е судењето на мечот Тотенхем –Ливерпул, на кој на гостите им беше поништен чист гол, и тоа со ВАР технологијата.
Сепак најголема вина му се припишува на главниот судија Дарен Ингланд, кој имал крајно лоша комуникација со ВАР собата. Одговорните во Судиската организација одлучија Ингланд до крајот на сезоната да не му суди на Ливерпул, а ќе одмара и неколку кола.
Нваистина смешна одлука, ако се знае дека тимот од “Енфилд“ бараше мечот да се преигра.