Заврши првото полувреме од заостанатиот меч од 2.коло меѓу Шкендија и Струга ТЛ кој се игра попладнево во Тетово. На пауза се замина со тие почетни 0:0 иако реално според шансите Шкендија требаше да има водство барем со 2:0, но на голот на шампионот е фантастичниот Ведран Ќосевски. Голманот на Струга ТЛ успеа најмалку во три наврати да го сочува својот гол по ударите на Тотре двапати и Красниќи, а Дита во 25.минута го го погоди десниот дирек. Шкендија доминираше, ја имаше иницијативата, а Струга ТЛ се закануваше со удари од далечина. Незири со шут со глава во 44.минута шутираше над голот на домашните.
Инаку во тимот на шампионот поради повреда го нема “бомбардерот“ Бесарт Ибраими.