Работнички денеска наполни 86 години!

181

ФК Работнички, еден од нашите најтрофејни клубови, денеска слави роденден, и тоа 86-ти.

На 4 октомври во далечната 1937 година во една кафеана во Дебар Маалое основан Работнички. Клуб кој има една сезона играно и во Првата лигана екс – СФРЈ, клуб кој од таа 1998/99 сезона кога влезе во нашата елитна лига постојано е член. Само Работнички, секако и Струга ТЛ и Воска, никогаш не испаднале од елитата, од ПМФЛ. Сите останати клубови кои играле во нашата елитна лига во самостојна Македонија, барем еднаш го загубиле прволигашкиот статус.

Работнички е клуб кој досега четирипати бил шампион на Македонија, 2005,2006,2008 и 2013, и четири пати го освојувал Купот на Македонија. Некогаш овој клуб од Градски парк беше наша македонска гордост со настапите во Европа, играше и во плеј –офот во ЛШ и ЛЕ, но сега е далеку од тие славни денови.

Работнички веќе шест години не знае што е Европа, тавори во просечноста и посакува да се “рестартира“.

Секако дека „СпортСпорт“ му посакува среќен роденден на “Херојот од Дебар Маало“ и што побрзо враќање таму каде што му е место, при врвот или на него, во мак – фудбалот.

ПретходноФеникс со два порази ја заврши историската евро-авантура
СледноИдејата на Муцунски ќе стане пракса во кошарката: Македонската химна ќе се интонира пред секој меч!