Манчестер Јунајтед има ужасен старт на сезоната и очигледно нешто не е како што треба во редовите на англискиот гигант. Нов удар, „црвените-ѓаволи“ добија од Галатасарај, на домашен терен беа поразени со 3-2 во рамките на второто коло во Лигата на шампиони. Ерик Тен Хаг се чини ги загуби конците, тој по мечот со турскиот клуб урна еден рекорд, кој ќе го прогонува долго време.
Холандскиот стручњак е првиот тренер во модерната историја на Јунјатед, кој загубил шест од првите десет воведни мечеви во една сезона.
🚨 For the first time since 1986, Manchester United have lost 6 in their first 10 games of the season.
Is Erik Ten Hag’s job under threat? pic.twitter.com/4iQSi3wdLu
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 3, 2023
Во Лигата на шампиони, премиер-лигашот беше поразен од Баерн и Галатасарај, додека во домашниот шампионат од Кристал Палас, Брајтн, Арсенал и Тотенхем, додека пак ги победи Нотингем и Барнли. Сето ова е далеку од идеално за Јунајтед.
Во Лигата на шампиони е прашање дали ќе презими, кризата е очигледна.