Интер, а посебно фановите на европскиот вицепрвак никако и никогаш нема да му простат она што Ромелу Лукаку им го направи, а тоа е како член на Интер преговараше со Јуве за трансфер. Сепак на крај заврши во Рома.
Токму затоа тие му спремаат пекол на Лукаку за мечот на 29 октомври меѓу Интер и Рома кој се игра на „Џузепе Меаца“.
Имено порачани се 50.000 свирчиња кои фановите на Интер ќе ги добијат со задача постојано да му свират од нив кога Лукаку ќе биде во преден план, односно кога ќе ја има топката.
„Ни се гади од него. Тој датум е одбележан од наша страна со црвено. Тој испадна мал човек, ни го сврти грбот на најнедостинствен начин. Ние го браневме секогаш и секаде, а тој ни сврте грбот“ пишаа ултрасите на Интер на социјалните мрежи.