Бензема со порака до еден играч по победата над Наполи

2157

Во спектакуларен натпревар од второто коло во Лигата на шампиони, Реал Мадрид синоќа славеше со 3-2 против актуелниот првак на Италија, Наполи, за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

На социјалните мрежи се огласи и легендарниот напаѓач, Карим Бензема, кој во моментов игра за Ал-Итихад.

Искусниот француски фудбалер иако не е во Реал, сепак ги прати сите мечеви. Вака беше и синоќа, уживаше во триумфот на „кралскиот“ тим. Во новата победа на Реал издвои еден играч и пиша:

„Како и секогаш“, пиша Бензема на фотографијата со Винисиус Жуниор.

Бразилецот веднаш ја сподели оваа фотографија на својот профил и порача: Ми недостигаш брате, заедно со едно бело срце.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите фантастични 42 894 755 денари во септември 
СледноМилевски го објави списокот за Украина и Ерменија