Националната боксерска федерација на Македонија идната година во октомври ќе биде домаќин на сениорското балканско пренство за мажи и жени. Веста ја соопшти претседателот на НБФ, Фатон Салиху.
Салиху истакна дека ова е договорено на средбата со претседателот на Федерацијата за бокс на Европа ЕУБЦ, д-р Јоанис Филипатос, и набљудувачот на Европа Сима Виорел Родбуне за време на Балканското првенство во Албена, Бугарија.