ПМФЛ: Шкендија во супер – дербито го урна шампионот, сега е лидер! (ВИДЕО)

771

Попладнево на Градскиот стадион во Тетово се одигра заостанатиот меч од 2.коло меѓу Шкендија и Струга ТЛ. Со голот на Аганспахиќ во 47.минута тетовци го победија шампиoнот со 1:0 и сега се лидери на табелата, со два бода повеќе од вториот Шкупи.

Добра игра на тетовци, посебно во првиот дел, па може да се каже дека и заслужено победија на овој натпревар.

Во првите 15 минути од средбата како да се испитуваа силите, гостите преку Укпаод далечина се заканија, но тоа беше далеку од гол. Шкендија врати во 15.минута со прекрасен шут на Тотре од 25 метри, но Ќосевски со фантастична парада одбрани и ја исфрли топката во корнер. По нафрлувањето од корнер Адили со глава се закани, но за малку покрај голот. Во 20.минута Радески шутираше но домашниот голман Талески брани.

Пет минуту подоцна Дита излегува сам пред Ќосевски, но го погодува десниот дирек. Во истиот напад Тотре пак шутира, а Ќосевски пак брани. Две минути подоцна Красниќи шутира со глава, но и сега Ќосевски брани. Во последната минута од првиотден Струга ТЛ се закани преку Незири, но нема гол, на пауза се замина со тие 0:0.

И конечно гол на супер – дербито, и тоа во првата минута од второто полувреме. Чинари нафрли од корнер а Аганспахиќ со убав шут со глава ја тресе мрежата на Ќосевски за 1:0 за Шкендија.

 

По примениот гол Струга ТЛ се отвори, почна да комбинира, да игра, со желба да дојде до шанса за израмнување. И таа дојде во 60.минута, но Талески остана несовладан за жал на стружани.

Гостите до самиот крај не се предаваа, инсистираа на напад, имаа и закани,како онаа на Шабани, но сепак на крајот мораа да го признаат поразот.

Откако го одигра и овој заостанат меч, на Струга ТЛ и останува уште еден да одигра, оној против Вардар и тоа во ноември.

May be an image of 4 people, people playing football, people playing soccer and text

Инаку денешниот меч за Бруно Дита беше бр.100 во дресот на Шкендија, па затоа доби подарок од страна на директорот Ардијан Цуцули, и тоа специјален дрес.

ТАБЕЛА

Шкендија 20, Шкупи 18, Силекс 16, Струга ТЛ (-1) 15, Брера 14, Тиквеш 13, Работнички 13, Македонија ЃП 13, Брегалница 10, Воска 7, Гостивар 7, Вардар (-1) 5 бода…

ПретходноМакедонските навивачи ги „разграбаа“ билетите за мечот со Украина во Прага
СледноМарјан Секуловски промовиран во Бангладеш