Полувреме во Тетово: Ќосевски го чува шампионот, без голови на супер-дербито!

152

Заврши првото полувреме од заостанатиот меч од 2.коло меѓу Шкендија и Струга ТЛ кој се игра попладнево во Тетово. На пауза се замина со тие почетни 0:0 иако реално според шансите Шкендија требаше да има водство барем со 2:0, но на голот на шампионот е фантастичниот Ведран Ќосевски. Голманот на Струга ТЛ  успеа најмалку во три наврати да го сочува својот гол по ударите на Тотре двапати и Красниќи, а Дита во 25.минута го  го погоди десниот дирек. Шкендија доминираше, ја имаше иницијативата, а Струга ТЛ се закануваше со удари од далечина. Незири со шут со глава во 44.минута шутираше над голот на домашните.

Инаку во тимот на шампионот поради повреда го нема “бомбардерот“ Бесарт Ибраими.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Марк Маркез си заминува од Хонда
СледноСтрумица ќе „тестира“ со Дубочица пред заминување на турнирот од ЛШ во Бургас