Јошко Гвардиол во август стана најскапиот дефанзивец во историјата. Манчестер Сити го купи од Лајпциг за 90 милиони евра на инсистирање на Пеп Гвардиола. Ждрепката на Лигата на шампионите посака неговиот до неодамна и актуелен клуб да се најдат во иста група. Гвардиол се врати на стадионот каде се прослави два месеци по неговото заминување.
Гвардиол, освен еден момент кој го налути Гвардиола, се истакна против својот поранешен клуб. По мечот Лајпциг му се поклони, му подари скулптура „црвен бик“ во знак на благодарност за се што направил и постигнал во клубот.
Гвардиол во германскиот клуб дојде летото 2021 година од Динамо за 36,8 милиони евра.
Медиумите пред натпреварот пишуваа дека Лајпциг сакал да му го подари на Гвардиол бикот на церемонијата пред натпреварот, но Пеп му забрани,л со објаснување дека овој чин ќе го деконцентрира неговиот клучен играч.
A red bull for Gvardiol from his former employers. Got a good reception on his return. #mcfc pic.twitter.com/QOA9eDGSeA
— Joe Bray (@_joebray) October 4, 2023