Денеска на програмата е второто коло од групната фаза во Лигата на Европа, а ние имаме два претставника во оваа фаза.
Мартин Мирчевски со својот ТСЦ Бачка Топола е домаќин на големиот Олимпијакос, а српскиот претставник е во обид да ги освои првите бодови во групата, откако во премиерното коло загуби на гостувањето кај тимот на Вест Хем.
Од друга страна пак, Филип Трпчевски исто така на домашен терен со својот Хакен ќе проба да освои бодови против тимот на Карабах.
Во групната фаза од Конференциската лига екипата на Динамо Загреб нормално со Стефан Ристовски и Аријан Адеми гостува во соседството односно во Приштина каде што ќе се судри со тимот на Балкани.
Абердин на Бојан Миовски ќе го нагости тимот на Хелсинки, додека пак Милан Ристовски со Спартак Трнава го пречекува големиот Фенербахче.