Чави: Мечевите во ЛШ бараат многу повеќе доколку сакате да победите!

103

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез беше воодушевен од победата од 1-0 над Порто во Лигата на шампионите. Успехот не дојде лесно, но тој потенцира дека во едно вакво натпреварување, тоа е нормално. Мечевите во најсилното европско клупско натпреварување бараат повеќе труд од играчите.

„Се соочивме со многу потешкотии во текот на овој натпревар, иако првото полувреме беше доста добро. Што се однесува до вториот дел, навистина требаше подобро да го контролираме. Натпреварите во Лигата на шампионите обично бараат многу повеќе ако сакате да победите“, рече Чави.

Тој ги коментираше и проблемите со повредите во неговиот тим за време на натпреварот.

“Левандовски излезе бидејќи ударот што го доби беше силен. Ламин имаше болки во стомакот, затоа го извадив, едноставно не можеше да продолжи. Араухо имаше само грчеви, ќе видиме како ќе бидат за викендот. Што се однесува до мене и моето однесување, вака ги „живеам“ натпреварите – се лутам, протестирам. Така правев низ кариерата и сега е тешко да се сменам “, додаде специјалистот.

ПретходноПеп му забранил на Гвардиол да го прими црвениот бик пред мечот со Лајпциг
СледноНавивачите на Интер купија 50.000 свирчиња: Сакаме да слушне колку ни се гади од него