Екипата на Бешикташ доживеа срам пред своите навивачи во дуелот со Лугано во 2.коло на Лигата на конференции. Од комотни 2:0 до 80 минута дозволија противникот да се радува на победа.
„Орлите“ имаа водство со двата гола на Абубакар. Играа и со играч помалку но имаа убава предност плус играа дома па итаа сигурно кон бодовите. Сепак, во последните 10 минути работите се сменија.
Гостите постигнаа дури три гола. Додуша последниот беше автогол на Ерик Баји, сепак, важно бодовите отидоа на сметката на Швајцарците.
⚽️ 🇪🇺 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Beşiktaş 2-3 Lugano | Eric Bailly (OG)pic.twitter.com/qlnLmblEVK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 5, 2023