Диего Симеоне и Атлетико Мадрид немаат намера во блиска иднина да се разделат. Имено како што пишуваат деновиве медиумите во Шпанија, аргентинскиот стручњак кој веќе 12 години е во клубот, ја прифатил понудата за нов тригодишен договор.Интересно е тоа што Симеоне прифатил тоа да го стори за двојно помала плата. Ако досега земаше 34 милиони евра годишно и е најплатен тренер во светот, со новиот договор тој ќе зема “само“ 18 милиони евра, се разбира нето.
Преговорите на двете страни завршиле успешно, а договорот ќе биде потпишан до крајот на овој месец, додека важечкиот му истекува во јуни 2024 година. Ова значи дека Симеоне ќе биде тренер на Атлетико Мадрид до јуни 2027 година, најмалку.