ПСЖ доживеа тежок пораз во второто коло во Лигата на шампиони, откако беше совладан на гости кај Њукасл со 4-1. Оваа средба покажа каква недисциплина владее во редовите на францускиот првак.
Во второто полувреме, Маркињос во еден прекин вербално го нападна Витиња, а потоа дојде до контакт поради непослушност на португалскиот фудбалер. Капитенот му посочуваше каде да се постави, но Витиња не сакаше да го послуша, па на крајот Маркињос мораше сам да го реши на сила. Со едната рака го удри Португалецот додека го поставуваше на неговата позиција.
— Hadrien Rivayrand 🇫🇷🇧🇷 (@HRivayrand) October 4, 2023
По поразот, но и една вакава ситуација, Луис Енрике го чека тешка задача со ПСЖ. Тој за време на прес-конференцијата даде жесток одговор откако еден од новинарите успеа да го испровоцира со прашањето дали е тешко да се тренира еден тим како неговиот.
„А што мислите вие? Какво е тоа прашање? Постојат тешки натпревари кои ќе ги поминете како тренер. Мислам дека пристапот беше добар, но резултатот не е реален. Му честитам на Њукасл“, рече Енрике.