Гвардиола: Тимот одигра совршено

110

Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, ги пофали своите играчи по нивната победа од 3:1 синоќа над Ред Бул Лајпциг во рамките од второто коло во Лигата на шампионите. Тој смета дека сите се претставиле во перфектно светло и дека и заслужено стигнале до победата.

“Среќен сум. Одигравме фантастичен натпревар во сите аспекти. Да, дозволивме два или три сериозни контра напади во второто полувреме, но тоа е нормално. Имаше периоди кога пет минути топката беше во наш посед без прекин. Кога тим е способен да го направи тоа, се случуваат многу добри работи. Сите беа совршени. Ова не е прв гол што Алварез го постигнува. Ми се допадна што Нејтан Аке, Џулијан и Џереми Доку влегоа во игра од клупата со насмевка на лицето иако не се стартери. Навистина сум задоволен“, изјави Гвардиола, а потоа го пофали младиот Рико Луис.

„Тој е неверојатен, исклучителен играч. Јас сум менаџер долги години и имав доволно среќа да тренирам еден од најдобрите играчи во светот во Барселона. Тешко е да се најде играч кој навистина добро се движи на отворен простор. Или како дефанзивен играч за врска или како бек, влегува внатре. Тешко се наоѓаат такви играчи. Има само 18 години со огромен капацитет и карактер и може да игра на четири или пет позиции. Има се и е фантастичен“, смета Пеп, а запрашан околу двата последни меча кои Сити не ги доби тој рече.

“Не сакам да го судам мојот тим според резултатите. Во двата натпревари не постигнавме најдобри резултати, но не е лесно кога противниците се бранат со 10 играчи во шеснаесетникот. Не бевме доволно остри. Тоа се случува меѓутоа, ако мислите дека ќе се сомневам во моите играчи, грешите. Јас безусловно им верувам на овие момци. Тие тоа го докажуваат. Одиме на натпреварот со Арсенал, се одмараме и се надевам во март, април, мај ќе бидеме во борба на сите фронтови“, заклучи Шпанецот.

ПретходноУниверзитет во Тетово денеска со прв меч на Балканскиот Куп 2023
СледноЛоши вести за Барса: Левандовски во “аут“ најмалку еден месец!