Гостивар излезе со соопштение кое се однесува до оние фанови кои наместо да ги поддржат фудбалерите, тие испраќаат навредувачки пораки до целиот тим.
„Работиме дене и ноќе за да го направи Гостивар успешен. Сакаме фанови кои ќе се радуваат на победите со нас и ќе тагуваат кога ќе загубиме, ќе не поддрѓат во секоја ситуација. Ги почитуваме навивачите кои не поддржуваат.
Не ги сакаме оние групи на навивачи кои ги навредуваат играчите, претседателот и сите во клубот. Не ги почитуваме оние кои не не почитуваат. Навредливиот јазик на една навивачка група по одличниот меч што го игравме против лидерот Шкендија е неприфатлив“, се вели во дел од соопштението на тимот.