Синоќа екипата на Њукасл на домашен терен во рамките од второто коло во Лигата на Шампионите на домашен терен го уништи буквално големиот фаворит, тимот на ПСЖ со 4:1. По првите две кола Њукасл е на изненадувачкото прво место на табелата во групата со големите фаворити, ПСЖ, Милан и Борусија.
Менаџерот Еди Хау нормално воодушевен од изведбата на неговите избраници, кои во мечот влегоа како аутајдери, а му одржаа фудбалска лекција на противникот.
„Неверојатна ноќ за нас, толку многу приказни за разговор по овој натпревар. Среќен сум за клубот и поддржувачите. Она што ни го дадоа вечерва беше неверојатно. ПСЖ е толку добар тим, моравме да се браниме навистина добро, а да нападнеме уште подобро. Создадовме многу шанси во првото полувреме со агресивниот пресинг што е наш белег. Презадоволен сум од играчите за она што го направија и она што ми го дадоа. Тоа беше навистина добра ноќ. Навивачите беа толку обединети зад нас. Многу сум задоволен“, рече Хау па додаде.
“Тактички беше тежок натпревар. Се соочија два многу добри тима. Моравме да се обидеме да ги избалансираме и да им отежнеме да градат напади од одбраната. Мислам дека публиката ни помогна во тоа. Се соочивме со фантастични играчи, за мене ова е најдобриот начин, особено овде, да се постигне успех. Играчите заслужуваат признание за тоа како се претставија денес“, додаде Хау, па поеинтираше.
„Се надевав дека ќе го направиме она за што трениравме. Мислам дека играта беше изедначена. Ги постигнувавме нашите голови во добри ситуации. Воодушевен сум од играчите, од оние кои постигнаа гол. Не очекував дека ќе постигнеме четири гола, но многу сум среќен поради тоа. Мислам дека тоа е навистина посебна вечер“, заклучи Хау.