Карлос Алкараз: На секој тренинг мислам на Ѓоковиќ!

163

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, иако има само 20 години, во моментов му е најголем ривал на Новак Ѓоковиќ. Карлито има освоено два Гренслема, но сепак уште е далеку од класата на Србинот.

Тој тоа го знае и затоа изјавува:

„Нема да лажам. Новак ми е во мислите на секој тренинг. Тренирам со иста цел, одам на турнирите исто така со иста цел, а таа е да бидам подобар од него. Посакувам годината да ја завршам како бр.1. Размислувам како морам секојдневно да тренирам напорно, како секое топче на тренинг да го удрам максимално само да бидам пред Новак“ рече покрај другото Алкараз.

ПретходноШок за “Старата Дама“: Многу го сака Јуве, ама доларите на Ал Наср уште повеќе!
СледноМурињо веќе донел одлука: “Специјалниот“ си заминува од Рома!