Српскиот преставник во групите на Лигата на Европа, ТСЦ Бачка Топола го запиша првиот бод. Одиграа 2:2 против Олимпијакос на домашен терен. Гостите од Пиреја поведоа со 0:2 со головите на Масурас во првото и на Поденс на почетокот на второто полувреме. Во 63 минута намали Ѓаковац, а Олимпијакос од 72 минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Нтои. Во финишот ТСЦ тргна во тотална офанзива, во игра во 88 минута влезе и Мартин Мирчевски па тоа им се исплатеше. Преку Пантовиќ, ТСЦ стигна со 2:2 и голем бод.
А во Атина, домашниот АЕК одигра 1:1 со Ајакс. Холанѓаните поведоа во 30 минута со гол на Бергвајн од пенал, а домашните освоија бод со голот на Домагој Вида во 75 минута.
Марсеј имаше предност од 2:0 по првото полувреме во дуелот со Брајтон, но на крајот освои само бод затоа што гостите изедначија на 2:2.
Шкотски Ренџерс беше изненаден на гостувањето кај кипарски Арис од Лимасол. „Ренџерите“ беа поразени со 2:1.
ЛИГА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ, 2.КОЛО
АЕК – АЈАКС 1:1
АРИС ЛИМАСОЛ – РЕНЏЕРС 2:1
БЕТИС – СПАРТА ПРАГА 2:1
ФРАЈБУРГ – ВЕСТ ХЕМ 1:2
МАРСЕЈ – БРАЈТОН 2:2
РАКОВ – ШТУРМ 0:1
СПОРТИНГ – АТАЛАНТА 1:2
ТСЦ БАЧКА ТОПОЛА – ОЛИМПИЈАКОС 2:2
⚽️ 🇪🇺 𝐆𝐎𝐀𝐋 | TSC Backa Topola 2-2 Olympiacos | Miloš Pantovićpic.twitter.com/7TizZ3rOBp
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 5, 2023