Хрватскиот шампион Динамо Загреб е поразен на гостувањето во Приштина во рамките на 2.коло од групната фаза во Лигата на конференции. Косовскиот првак Балкани славеше со 2:0, прво поведе со убав гол на Кријезиу во 44 минута од мечот, додека точка на мечот стави екс-фудбалерот на Шкупи, Валид Хамиди во финишот на мечот.
Тоа е првата победа за Балкани во групата по поразот од Плзен во првото коло.
Динамо Загреб кој го запиша првиот пораз на овој меч не играа македонските интернационалци Стефан Ритовски и Аријан Адеми. Тие не беа воопшто на списокот за настап на овој меч.
Балкани идното коло ќе игра со Астана која има два порази, а Динамо ќе се соочи дома со Викторија Плзен која има две победи.
Изненадување приреди и Клаксвик од Фарски Острови кој дома одигра без голови со француски Лил.
ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ, 2.КОЛО
АСТАНА – ПЛЗЕН 1:2
БЕШИКТАШ – ЛУГАНО 2:3
БОДО/ГЛИМТ – БРИЖ 0:1
БРЕДАБЛИК – ЗОРЈА 0:1
БАЛКАНИ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 2:0
ГЕНТ – МАКАБИ Т.А: 2:0
КЛАКСВИК – ЛИЛ 0:0
ОЛИМПИЈА ЉУБЉАНА – СЛОВАН 0:1
Almir Kryeziu’s stunner versus Dinamo Zagreb.
Brilliant! #BLKDZG | #UECL pic.twitter.com/NQIg8RfleS
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) October 5, 2023
⚽️ 🇪🇺 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Ballkani 2-0 Dinamo Zagreb | Walid Hamidipic.twitter.com/m6u32b4IaT
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 5, 2023