Навивачите на Интер купија 50.000 свирчиња: Сакаме да слушне колку ни се гади од него 

2161

Ромелу Лукалу го чека „хорор“ на гостувањето на „Сан Сиро“. Рома на крајот на овој месец ќе ги одмери силите со Интер, тимот за кого Белгијецот има постигнато 78 голови на 123 натпревари, тимот со кого освои титулата во Серија А, играше финале во Европската лига и Лигата на шампиони, а потоа поради својата одлука стана омразена личност меѓу навивачите.

Лукаку ги налути фановите на Интер, бидејќи преговараше да оди на позајмица во Јувентус, а потоа влезе во преговори со Рома.

По сето ова навивачите одлучија да го пречекаат со 50.000 свирчиња.

„Пред мечот со Рома ќе поделиме 50.000 свирчиња, кои ќе бидат употребени секој пат кога ќе ја допре топката оној кој што го продаде дресот. Ќе покажеме како треба да се однесуваме кон некој кој се покажа како недостоен за нашиот дрес“.  

ПретходноЧави: Мечевите во ЛШ бараат многу повеќе доколку сакате да победите!
СледноСтартува нов евролигашки спектакл и тоа во Белград!