Факт е дека на Брегалница во последно време не и оди најдобро на резултатски план. Се очекуваше сигурен триумф против Вардар минатиот викенд, но крајот беше 0:0.
Во сабота, во меч од 10.коло во ПМФЛ,Брегалница повторно е домаќин, но сега на Работнички.
Дефанзивецот на “сините“ Виктор Велкоски пред саботниот меч истакнува:
“Очекувам екстремно тежок натпревар.Работнички е доста спремна екипа која има квалитетни играчи. Атмосферата во нашиот тим е одлична. И на овој меч, како и на секој друг одимена на победа. Не криеме дека посакуваме да ја прекинеме негативната резултатска серија“ посочи Велкоски кој едно време играше и за Работнички.