Работнички како почна – така го заврши квалификацискиот турнир за излез во Европа

126

Екипата на Работнички со пораз го заврши квалификацискиот турнир во рамките на ФИБА Еврокупот, на кој беше и домаќин, откако на последниот меч беше совладана со 65-62 од Гронинген. За избраниците на Димитар Мираковски ова беше трет пораз во исто толку одиграни натпревари и индикатор дека за Европа треба многу повеќе.

Македонскиот тим беше подобар во првата четвртина со 17-18, а веќе во вториот период против исто така неквалитетниот против прими 15 поени, додека даде само седум. Двата тима беа скромни во третата четвртина која заврши со 12-10 во корист на холандскиот состав.

Во последните десет минути Работнички се разбуди, но многу доцна, беше покус за три поени, кои можеа да донесат продолжение.

Трејс постигна 12 поени и 4 асистенции, Џелетовиќ имаше 11 поени и 8 скока. Ова беа и единствените кошаркари во редовите на Работнички со двоцифрен број на поени.

Инаку од групата во Скопје, место во групната фаза обезбеди Сабах предводен од Боби Митев.

ПретходноМарио, дали би потпишал за ПСЖ? “Никогаш!“…А за 10 милиони евра? “Секако“!
СледноЕВРОЛИГА: Црвена Звезда и Барселона стартуваа со убедливи победи