Македонскиот прволигаш Силекс го продолжи договорот со напаѓачот Марко Ѓорѓиевски на уште две години, па тој е со важност до 2025 година. Тој дојде во Силекс во јануари 2023 година, а претходно играше за Академија Пандев, Шкупи и српските Вождовац и Раднички Пирот.
Инаку тој е дете на Вардар.