Викендов се играат сите средби од 8.коло во ВМФЛ. Познати се и судиите за тие натпревари. Па така на мечот Беса – Вардар (Н) ќе суди Дејан Младеновски од Скопје. Тој по третпат ќе му суди на тимот од Боговиње, во овие осум кола, во оваа сезона.
На мечот Пелистер – Скопје задолжен за фудбалската правда ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп, а на мечот Победа – Детонит, главен судија ќе биде Александар Урошевиќ од Тетово.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии на средбите од 8.коло во ВМФЛ.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Охрид – Арсими: Бењамин Ќерими (Скопје)
Пелистер – Скопје: Влатко Илиоски (Прилеп)
Беса – Вардар (Н): Дејан Младеновски (Скопје)
Тетекс – Караорман: Александар Василевски (Скопје)
Башкими – Кожув: Марјан Дејаноски (Кичево)
Победа – Детонит: Александар Урошевиќ (Тетово)
Беласица – Новаци:Фатмир Бафто (Охрид)
САБОТА, 14 Ч
Осогово – Саса: Дарко Котевски (Битола)