Одбојкарите на Универзитет во Тетово се годинешниот македонски преставник во Балканскиот одбојкарски куп 2023 во машка конкуренција кој вчера започна во турскиот град Бурса.
Покрај македонскиот прволигаш, на Балканскиот куп учествуваат и домаќинот Бурса Бујукшехир Беледиеспор од Турција во чии редови годинава настапува нашиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев, како и Пеќ од Косово, Босна Сараево од Босна и Херцеговина, Пигасос од Грција и Спартак Љиг од Србија.
Екипите се поделени во две групи. Универзитет во Тетово се најде во групата „Б“ каде се и Бурса и косовски Пеќ.
Вчера се одиграа мечевите од првото коло во кое Бурса и српски Спартак славеа убедливи победи. Според правилата, третопласираните екипи во групите ќе играат за петтото место, второпласираните ќе се борат за третото место, а првопласираните ќе играат за победичкиот пехар.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
Вчера:
Бурса – КВ Пеќ 3:0
Спартак Љиг – Босна Сараево 3:0
Денеска:
Пигасос – Босна Сараево (16ч.)
Бурса – Универзитет во Тетово (18.30 ч.)
Петок, 6 октомври
Спартак Љиг – Пигасос (16ч.)
Пеќ – Универзитет во Тетово (18.30 ч.)