Екипите на Црвена Звезда и на Барселона вечерва ги славеа најубедливите победи во 1.коло на новата сезона во Евролигата. Звезда на домашен терен го совлада Лион Вилербан со 94:73 во меч во кој Напиер брилјираше со 21 поен. Гиедраитис постигна 17, а Симоновиќ 14. Кај Лион најефикасен беше Лаверње со 18.
А Барселона беше подобра од Анадолу Ефес со 91:74 во дербито на вечерта. Каталонскиот тим наметна игра и водство уште од стартот и не му даде шанса на противникот за пресврт. Вили Хернангомез со 18 поени беше најефикасен кај Барса, а кај Ефес тоа беше Шејн Ларкин со 16 поени но имаше и неверојатни 12 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Ц.ЗВЕЗДА – ЛИОН 94:73
МАКАБИ Т.А. – ПАРТИЗАН 96:81
БАРСЕЛОНА – ЕФЕС 91:74
БАЕРН – АЛБА 80:68
ВИРТУС – ЖАЛГИРИС 79:82