Тимот на Абердин го запиша првиот бод во групите од Лигата на конференции. По поразот од Ајнтрахт во првото коло, вечерва шкотскиот преставник беше изненаден на домашен терен од Хелсинки. Гостите поведоа со 1:0 со гол на Радуловиќ во 59 минута, а Абердин се спаси (1:1) во 79. минута преку македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Миовски освен голот за изедначување, имаше неколку шанси меѓу кои ги издвојуваме во 28 минута кога ударот со глава заврши покрај голот, а во 71 минута неговиот шут под пречката го одбрани голманот.
Тоа е трет европски гол на Миовски оваа сезона. Два постигна во дуелите со Хакен во квалификациите за Лига Европа.
А Зрински за малку ќе освоеше бод на „Вила парк“. Немаше гол се до 94 минута кога Џејмс Мекган погоди и донесе победа на Астон Вила со 1:0.
А Милан Ристовски влезе во игра во 75 минута во поразот на неговиот Спартак Трнава од Фенербахче со 1:3.
⚽️ 🇪🇺 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Aberdeen 1-1 HJK Helsinki | Bojan Miovskipic.twitter.com/MqSLGZnejx
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 5, 2023
⚽️ 🇪🇺 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Aberdeen 0-1 HJK Helsinki | Bojan Radulovićpic.twitter.com/uFzRNUW36F
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 5, 2023