Познати се судиите за натпреварите од 10.коло во ПМФЛ, кои се играат претстојниот викенд. Па така за мечот Вардар – Шкендија делегиран е Стојанче Трпчевски од Кавадарци. Во Кавадарци, каде се среќаваат Тиквеш и Шкупи, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за натпреварите од 10.коло.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 10.КОЛО – САБОТА (14 Ч)
Брера – Гостивар: Александар Грујоски (Кичево)
Воска – Македонија ЃП: Александар Ставрев (Скопје)
Тиквеш – Шкупи: Јован Качевски (Струга)
Брегалница – Работнички: Ндерим Тефику (Куманово)
НЕДЕЛА, 14 Ч
Вардар – Шкендија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Струга ТЛ – Силекс: Димитар Пилешков (Штип)