Астон Вила ја отклони дилемата околу иднината на напаѓачот Оли Воткинс. Англискиот фудбалер потпиша нов, петгодишен договор со „лавовите“ и со тоа им стави до знаење на сите заинтересирани дека останува на „Вила парк“.
Воткинс во Астон Вила дојде во 2020 година од Брентфорд и од тогаш постигна 50 голови во шампионатот. Оваа сезона има седум гола во сите натпреварувања и тоа два хет-трика, едниот во квалификациите за ЛК другиот во победата над Брајтон пред една недела.
Тој се наоѓа на списокот на репрезентацијата на Англија за пријателскиот меч со Австралија на 13 октомври како и мечот со Италија во квалификациите за ЕП четири дена подоцна.
To you, from Ollie. 🤝 pic.twitter.com/q46zxt5SXB
— Aston Villa (@AVFCOfficial) October 6, 2023