Два порази: Универзитет во Тетово ќе се бори за 5. место на Балканскиот куп

80

Одбојкарите на Универзитет во Тетово ќе се борат за пласман на 5. место на Балканскиот куп за клубови кој се одржува во турскиот град Бурса. Во двата меча од групната фаза, тетовскиот состав претрпи два убедливи порази.

Во првиот дуел против домаќинот на турнирот екипата на Бурса ББ во чии редови настапува нашиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев, Универзитет во Тетово загуби со максимални 3:0, а со истиот резултат, тетовци беа поразени и вечерва во мечот со екипата на Пеќ од Косово (25:21, 25:23, 25:21).

Со два порази нашиот тим го заврши настапот во групата на последното место, па му останува само борбата за пласман на петтото место.

ПретходноВерстапен со 10. пол-позиција оваа сезона: Тргнува прв на трката за ГН на Катар
СледноПознати сите учеснички на завршниот ВТА турнир во Канкун