Србите во шок: Грците со порака – Косово е Албанија

1667

Нов скандал во Европската лига, овој пат доаѓа од дуелот меѓу АЕК и Ајакс, кој се одигра во Атина. Навивачите на грчкиот тим извадија голем транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“.

Иако грчките навивачи се во добри односи со српските, сепак на трибините се појави пораката која сигурно ќе ги смени односите меѓу фановите. Засега не е позната причината за овој потег, но спрските медиуми испратија порака.

„Предавство! Грчките навивачи им забија нож на Србите! Браќа, не го очекувавме ова од вас“, пишува во дел од насловот на Курир.

ФОТО: TWITTER/KOS_DATA/PRINTSCREEN

ПретходноХаос во Алкмар: Уапсени двајца фудбалери на Легија, удрен и првиот човек на клубот (ВИДЕО)
СледноСити подготвува нов договор за Халанд кој вклучува заработка од 400.000 фунти неделно