Вицешампионот Алкалоид со убедлива победа во рамките на 5. Коло од домашната Суперлига. На домашен терен во Автокоманда, Алкалоид вечерва беше подобар од Струга со 38:18.
Во меч во кој гостите добро се држеа едно полувреме, Алкалоид беше одличен во вториот дел и од минута во минута постојано ја зголемуваше предноста, за на крајот да го добие мечот со 20 голови предност.
Одличен меч за Алкалоид имаше Александар Петковски кој постигна 7 гола, додека Џонов и Кофиловски застанаа на 5. Кај екипата на Струга со 5 гола најдобри беа Бошњак и Тренчевски.