Екипата на Реал Мадрид утре ќе го игра првенствениот меч против Осасуна на домашен терен, но има огромен проблем со стоперската позиција. Едер Милитао и Давид Алаба се повредени, а Начо е суспендиран.
Тоа на тренерот Карло Анчелоти му остава многу малку простор за маневар, но тој не бил, бил тоа што е ако не изнајде решение и во оваа ситуација.
Последните два дена на тренинзите на Реал, Аурелиан Чуамени ја имал улогата на стопер и според зборовите на Анчелоти воопшто не изгледал лошо.
„Последните два дена го пробавме Чуамени на оваа позиција. Неговите одбранбени квалитети како играч од средниот ред можат да се користат и во одбраната. Многу добро се снаоѓа во борбата за висока топка“, изјави Италијанецот.