Астон Вила си го сочува „бисерот“

104

Астон Вила ја отклони дилемата околу иднината на напаѓачот Оли Воткинс. Англискиот фудбалер потпиша нов, петгодишен договор со „лавовите“ и со тоа им стави до знаење на сите заинтересирани дека останува на „Вила парк“.

Воткинс во Астон Вила дојде во 2020 година од Брентфорд и од тогаш постигна 50 голови во шампионатот. Оваа сезона има седум гола во сите натпреварувања и тоа два хет-трика, едниот во квалификациите за ЛК другиот во победата над Брајтон пред една недела.

Тој се наоѓа на списокот на репрезентацијата на Англија за пријателскиот меч со Австралија на 13 октомври како и мечот со Италија во квалификациите за ЕП четири дена подоцна.

 

ПретходноЕлези погоди за Вараждин во поразот од Славен Белупо
СледноАлкалоид со фуриозно второ полувреме ја „збриша“ Струга